Тажен рекорд за Хари Кејн, време е за заминување?

од Stefanija Kuzmanovska

Евертон и Тотенхем одиграа одличен натпревар, заврши 2:2, што беше трет натпревар без победа на „петлите“, што најверојатно значи отсуство од Лигата на шампионите следната година.

Во сенка на резултатите, останаа двата гола на Хари Кејн и еден донекаде тажен рекорд, што служи и како предупредување за напаѓачот на Тотенхем. Сега е најдобриот стрелец во историјата на Премиер лигата кој не ја освоил титулата!

Кејн сега има учинок од 164 голови во Премиер лигата и се проби на седмото место во вечната листа на стрелци, престигнувајќи друга легенда, Роби Фаулер, кој постигна 163 и досега ја држеше оваа неславна титула најдобар стрелец без титула шампион.

Кејн во јули наполни 28 години, важи за еден од најдобрите напаѓачи во светот и можно е да ја промени средината. Тој сигурно заслужува трофеи, но не освои ниту еден во Тотенхем и има само две финалиња – Лига купот и Лигата на шампионите.

Претходно рече дека сака да освои трофеј со Тотенхем, но за тоа се потребни инвестиции и засилувања.

Дали ќе продолжи понатаму или ќе им се придружи на многуте легенди кои оставија огромен белег во Премиер лигата и никогаш не ја освоија ништо, како што се Лес Фердинанд, Мет Ле Тисиер, Гери Спид, Марсел Десаи, Давид Жинола, Џанфранко Зола или Стивен Џерард?

Слични содржини