ТАЖНА ВЕСТ: Почина Љубисав Иванов – Ѕинго

Во својата 84. година, почина Љубисав Иванов- Ѕинго/

Ѕинго беше поранешен претседател на Фудбалскиот сојуз на Македонија во периодот од 1993-1999, долгогодишен истакнат фудбалски работник како и прв човек на ФК Силекс и почесен претседател на ФФМ.

Љубисав Иванов Ѕинго е роден на 8. ноември 1936 година во с. Трновац, Кратово.

За претседател на Фудбалскиот сојуз на Македонија (ФСМ) беше избран на 7. февруари 1993 година. Под негово водство, Фудбалскиот сојуз на Македонија стана полноправен член на најважните фудбалски организации, ФИФА и УЕФА. Како претседател на ФСМ ја предводеше македонската делегација и нашиот национален состав на првиот официјален натпревар на А репрезентацијата на Македонија во Крањ, Словенија во 1993 година.

„Македонскиот фудбал денес го загуби еден од своите најдобри и најважни фудбалски работници во својата историја. Ми беше чест што го познавав и соработувавме со Љубисав Иванов – Ѕинго, а навистина е безпредметно воопшто да набројуваме со што сѐ го задолжи нашиот фудбал и Фудбалската федерација на Македонија. Наша должност е да продолжиме по патот кој тој го трасираше. Да се грижиме за федерацијата и луѓето, да се грижиме за македонскиот фудбал.Во име на Фудбалската федерација на Македонија и целото фудбалско семејство, изразувам најдлабоко сочувство до семејството на Љубисав Иванов – Ѕинго.Нашите мисли сѐ со Вас.“ – вели Сејдини, претседателот на ФФМ.

Слични содржини