ТЕ-ТО ги демантира наводите на Чулев

од Берта Китинска

Во целост ги демантираме наводите на Министерот за внатрешни работи г-дин Наќе Чулев искажани на прес конференнцијата на 12.02.2020 година, соопштија од компанијата „Те-То“.

ТЕ-ТО АД достави целосна документација до сите надежни институции со која се докажува дека ТЕ-ТО АД работи согласно закон и ниту еден законски пропис не е прекршен.Еднострано прикажаните информации од Топлификација АД пред МВР не докажуваат дека во ТЕ-ТО АД има криминал, туку токму напротив тоа се лаги и манипулации со цел постигнување на незаконски интереси на менаџментот на Топлификација АД.Кривичната пријава дека ТЕ-ТО АД перело пари е отфрлена од Обвинителството за организиран криминал уште во декември 2019 година.

Обвинувањето од Топлификација АД за лажен стечај е целосно неиздржано.

Постапката за реорганизација на ТЕ-ТО АД е спроведена целосно согласно законските прописи. Тоа е потврдено со решението на Основен суд Скопје 2 Скопје и решението на Апелациониот суд со кои се усвојува планот за реорганизација на компанијата, а во кој процес Топлификација АД ги даде истите забелешки кои ги наведе и во кривичната пријава против ТЕ-ТО АД.

Нагласуваме дека целокупната документација поврзана со стечајот и реорганизација на ТЕ-ТО АД ја анализираа врвни експерти од областа на правото кои изработија правно мислење со кое се потврдува дека ТЕ-ТО АД во целост постапувало согласно закон.

Поради тоа, бараме да се престане со злоупотребата на ТЕ-ТО АД во политички цели во предизборен периоди да се остават надлежните институции без притисок да ја завршат својата работа, пишува во соопштението.

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска изјави дека во ноември 2019 година до МВР односно лично до тогашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски од страна на менаџментот на ТЕ-ТО била доставена опсежна документација со сите оние инкриминирани дејствија, вклучително и стечаи на Топлификација, кои биле спроведени во рамките на таа компанија. По таа пријава од страна на Топлификација не е постапено. Истата документација од страна на менаџментот на Топлификација ми е доставена на 9 јануари како нов министер за внатрешни работи. Истата веднаш ја процесуирав до Одделот за организиран криминал и високи форми на корупција и колегите почнаа да постапуваат.

Слични содржини