Тексас: Маж со моторна пила брка демонстранти (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Маж во Тексас е приведен од полицијата откако со моторна пила во раце се упатил кон демонстранти.

Во видеото од инцидентот, објавено на Твитер, маж во црвена маица со долги ракави и сини фармерки држи моторна пила и се упати кон демонстрантите пред продавница.

Видеото стана вирално и е прегледано над милион пат, јавува NBC News.

Мажот, чиј идентитет не е откриен, вика на луѓето на тротоарот да „се помрднат“ и да си одат дома додека моторната пила работи.

Полицијата соопшти дека истрагата е во тек.

https://www.youtube.com/watch?v=_q5ldrRBcp4&feature=emb_title

Слични содржини