Телото на џиновски кит пронајдено во Италија (ФОТО)

Телото на џиновски кит е извлечено од морето во јужна Италија, објави во средата крајбрежната стража, опишувајќи го како „веројатно еден од најголемите“ китови некогаш пронајдени на Медитеранот.

Мртвиот цицач беше забележан во неделата во водите во близина на популарната туристичка дестинација Соренто, од нуркачите на крајбрежната стража, кои најпрво беа предупредени за присуство на помал кит, кој во меѓувреме исчезна.

Крајбрежната стража соопшти дека го извлекла китот во вторникот вечерта и го превела до пристаништето во Неапол, каде морски биолози и други експерти ќе го анализираат за да утврдат кои се причините за смртта.

Слични содржини