Тен Хаг: Секој натпревар за Јуанјтед сега е финале

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хег, инсистира на тоа дека „црвените ѓаволи“ го третираат секој натпревар како финале од тука до крајот на сезоната и токму таквиот пристап ги покажа во одлично светло против Вест Хем во победата од 3:0.

„Му кажав на тимот на почетокот на јануари дека секој натпревар сега е финале. Тоа беше и нашиот пристап кон натпреварот со Вест Хем бидејќи бевме бод зад нив. Мора да го прифатиме секој натпревар така, да го прифатиме тој предизвик на секој натпревар. Ние веќе го имаме овој „сетап“, објасни Холанѓанецот.

Поранешниот шеф на Ајакс призна дека повредата на Лисандро Мартинез против „чеканите“ била голем удар за него бидејќи неговото влијание врз тимот се забележува во последните натпревари.

„Тоа е голем неуспех бидејќи штотуку се врати од повреда. Го видовте неговиот придонес во тимот кога беше на теренот. Покрај техничките можности, тој внесува карактер во тимот. Тој е многу разочаран, но тој е борец и ќе се врати посилен. Сè уште мислиме дека може да се врати на теренот пред крајот на сезоната“, истакна Тен Хаг.

На крајот, менаџерот укажа на некои од причините за значителното подобрување во формата на Алехандро Гарначо и Расмус Хојлунд. Данецот на последните пет натпревари забележа пет гола и две асистенции, додека Аргентинецот додаде четири гола и една асистенција на шест натпревари.

„На играчите им треба време, особено на младите како Расмус и Алехандро, но им треба и подобар тим околу нив. Овие два фактори отсуствуваа во првиот дел од сезоната. Моравме да направиме многу корекции во тимот, во нашиот начин на игра, што го попречуваше настапот во нападот. Сепак, од почетокот бевме уверени во нивниот потенцијал и во она што го прават. Сега треба само да продолжат и да ја покажат својата глад за голови и овој настап“, рече тренерот.

Слични содржини