Тен Хаг сонува за централна дефанзивна двојка Бремер – Лисандро

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Манчестер Јунајтед – Ерик тен Хаг одлучи за судбината на Рафаел Варан на „Олд Трафорд“.

Поранешниот француски репрезентативец ќе го напушти клубот на лето како слободен играч доколку не се согласи на сериозно намалување на платата.

Договорот на Варан со Манчестер Јунајтед истекува на крајот од сезоната, откако клубот не ја искористи опцијата да го продолжи договорот со централниот бек за уште една година. Случај кој беше активен до крајот на јануари 2024 година.

Ерик тен Хаг, сепак, цврсто одлучи кој ќе биде замената на Рафаел Варан. Холандскиот стручњак се реши за дефанзивецот на Јувентус, Глисон Бремер. Репрезентативецот на Бразил има откупна клаузула која ќе биде активна на лето, а таа е одредена на 43 милиони фунти.

Се очекува Манчестер Јунајтед да ја активира таа клаузула во договорот на Бремер со Јувентус и тој да биде партнер на Лисандро Мартинез во одбраната на „црвените ѓаволи“.

Хари Мегваер и Виктор Линделоф треба да останат како опции, а Џони Еванс да си замине кога ќе му истече договорот следното лето.

Слични содржини