Тензично на граничниот премин „Деве Баир“, Бугари навредуваат македонски полицајци

од Vladimir Zorba

Бугарски државјани, кои утрово тргнаа кон Скопје за да се поклонат на гробот на великанот Гоце Делчев, засега не можат да влезат во државата, по што избија и тензии и кавги со граничните полицајци.

Претседателот на бугарската фонцдација „Македонија“ Виктор Стојанов објави видео од инцидентот, а во него се слушаат навреди кон македонската полиција, која смирено им вели да се повлечат.

На граничниот премин „Деве Баир“, каде падна системот за контрола и во моментот се работи на негово оспособување. Поради падот на системот на нашиот граничен преин од МВР информираа дека селективно ќе се пропуштаат само итните случаи.

Слични содржини