Тензиите меѓу Кина и САД ги намалија цените на нафтата на 35 американски долари

од Vladimir Zorba

Цените на нафтата паднаа на меѓународните пазари на 35 американски долари, како резултат на зголемените тензии меѓу САД и Кина и сомнежите за претстојното закрепнување на побарувачката по кризата, предизвикана од пандемијата од коронавирус.

На лондонскиот пазар цената на барел беше минус 1,03 долари во однос на претходното затворање и изнесуваше 35,03 долари. На американскиот пазар, барелот се тргуваше за 96 центи помалку, од 32,96 долари.

Кина се подготвува да донесе нови закони за национална безбедност во Хонг Конг, на кои со предупредување одговори американскиот претседател Доналд Трамп.

Поради сериозните последици од пандемијата, Пекинг не ја објави планираната стапка на економски раст оваа година, за прв пат откако ја воведе оваа практика.

„Инвеститорите мора уште еднаш да маневрираат низ сè пожестоката вербална војна меѓу САД и Кина“, забележува Стивен Бренок од консултантската фирма PVM.

„Притоа, коронавирусот промени една деценија на растечка глобална побарувачка за нафта и заздравувањето ќе биде бавно“, потсетува Бренок.

Слични содржини