Тепачка на лет од Кернс до Дарвин, авионот морал принудно да слета два пати

од Stefanija Kuzmanovska

Повеќе луѓе се степале минатиот четврток на летот од Кернс до Дарвин во австралискиот Залив Карпентарија. Како резултат на тепачката некој го скршил прозорецот и авионот морал да изврши две принудни слетувања, пишува „Дејли Мејл“.

Уапсени се четири лица.

Избиле две тепачки

Откако избила првата тепачка меѓу патниците на летот, авионот принудно слетал во Кернс, а жената која го предизвикала инцидентот била уапсена и обвинета за напад, непристојно однесување и непочитување на безбедносните упатства.

Авионот потоа повторно полетал, но групата патници кои учествувале во првата тепачка повторно почнале да се расправаат, па повторно избила тепачка. Авионот принудно слетал повторно, овој пат во Аљангула на островот Грот Ејландт, каде полицијата уапсила уште тројца патници.

Кај еден од нив биле пронајдени дрога и алкохол.

Слични содржини