Тепачка во Солун, летаа димни бомби и камења во судир меѓу десничари и левичари (ВИДЕО)

од Берта Китинска

Нов тежок инцидент се случи вчера во Солун, кога група екстремисти поддржани од крајнодесничарската партија Златна зора нападнаа левичарски собир во училиште.

Напаѓачите влетале во средното училиште, каде се одржувал собирот против реформата на образовниот систем, и почнале да фрлаат димни бомби, факели и камења кон членовите на левичарската студентска група која го организирала настанот и кон другите присутни.

На снимките од инцидентот може да се види дека настанале вистински воени сцени на солунските улици.

Слични содржини