Терористички напад во Индонезија: Екстремист се разнесе во полициска станица, има жртви

од Stefanija Kuzmanovska

Индонезиската полиција денеска соопшти дека две лица загинале, а осум се ранети кога маж осомничен дека е исламистички екстремист се разнел во полициска станица во Бандунг.

Официјален претставник на индонезиската антитерористичка агенција БНПТ изјави за ТВ Метро дека екстремистичката група Џама Аншарут Даулах (ЈАД), која е блиска до Исламската држава, можеби стои зад нападот, пренесе „Ројтерс“.

Тој наведе дека ЈАД е одговорен за слични претходни напади во Индонезија.

Во нападот загинаа напаѓачот и еден полицаец, а повредени се еден цивил и седум полицајци, изјави за ТВ Метро, ​​Ибрахим Томпо, портпарол на полицијата во Западна Јава.

Претходните години исламските екстремисти извршија неколку терористички напади во најголемата муслиманска земја во светот, а дел од целите беа цркви, полициски станици и места што ги посетуваат странци, потсетува британската агенција.

Слични содржини