Тешка сообраќајка во Северна Кореја – загинаа десетици Кинези

од desk2

 

Повеќе кинески туристи загинаа или се повредени во тешка сообраќајка во Северна Кореја, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи.

Кинеската државна телевизија наведе дека има повеќе од 30 мртви.

„Тешка сообраќајна несреќа се случи ночта од недела кон понеделник на југот на Северна Кореја, во која има поголем број мртви кинески турсти“, се навдеува во соопштението на министерството.

Наводно, автобус со кинески туристи паднал од мост во Северна Кореја, најверојатно поради лоши временски услови, дожд и лизгав коловоз, при што загинаа повеќе од 30 туристи, 50 до 100 се повредени.

Спасувачки екипи на местото на настанот ги превезуваат повредените во болница.

Кина има редовни летови кон Пјонгјанг, од повеќе градови, а кинески туристи ја посетуваат од затворена земја.

Секоја година има и по 5.000 американски туристи но тој број се намали по предупредувањата за нуклеарен напад.

Но, кинески туристи, се уште одат во Северна Кореја.

Слични содржини