Тетовец додека го приведувале се обидел да побегне, па полицаец пукал во воздух

од Берта Китинска

На 23.04.2020 околу 16.30 часот, полициски службеници на СВР Тетово, на ул.„Јане Сандански“ во Тетово, го привеле В.Ф.(37) од скопско Студеничани, по кого била распишана потерница за издржување на затворска казна за сторено кривично дело „трговија со луѓе“, соопштува полицијата.

При приведувањето на В.Ф., кој се обидел да избега, еден полициски службеник испукал предупредувачки куршум во воздух. В.Ф. е спроведен во Казнено-поправната установа „Идризово“ во Скопје за издржување на казна.

Слични содржини