„Тетово сака парк“: Касами и Османи нека засадат дрво во паркот што го нема или нека го погледнат лажно суспендираниот ДУП

од Nikola Popovski

Во пресрет на посетата на косовската претседателка Вјоса Османи на Тетово, со реакција излегоа од граѓанската иницијатива „Тетово сака парк“. Од таму бараат градоначалникот на општината, Биљал Касами да ѝ го покаже градскиот парк на Османи.

-Па и заедно да засадат дрво – добро позната пракса и пријателски гест во современиот свет. Доколку ова изгледа премногу нормално за г. Касами или му текне дека нема парк во неговиот град, нека се разгледа предлогот на високата гостинка да ѝ биде покажан нашиот урбанистички дострел „Девастирано централно градско подрачје” како и „Суспендиран ДУП (ШИК ‘Јелак’) на кој несуспендирано се гради“, стои во соопштението од „Тетово сака парк“.

Османи е во дводневна посета на земјата, откако вчера беше гостинка на претседателот Стево Пендаровски во вила „Водно“, а оствари и средби со премиерот Димитар Ковачевски, претседателот на Собранието, Талат Џафери и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Слични содржини