Том Хенкс го бојкотира Трамп

од desk2

Кога од „Холивуд рипортер“ го прашале Том Хенкс дали би го прикажал својот нов филм „Пост“ во Белата куќа ако претседателот Доналд Трамп го побара тоа, актерот одговорил дека веројатно нема да се согласи.

– Веројатно би гласал против. Ова е моментот кога, на некој начин, нашите лични избори ќе треба да ги одразуваат нашите лични мислења. Мора да почнеме да гласаме уште пред да бидат изборите. Затоа, јас веројатно би гласал против – изјавил оскаровецот.

Хенкс во „Пост“ го глуми главниот уредник на „Вашингтон пост“, Бен Бредли. Во филмот е прикажана борбата на весникот во 1971 година околу тоа дали да се објават Документите од Пентагон – доверливи материјали кои ја откриваа вистината за статусот на американската влада во Виетнамската војна.

Слични содржини