Топлотен бран во Турција: Измерени 47 степени Целзиусови

од Stefanija Kuzmanovska

Топлотен бран го зафати градот Дијарбекир во провинцијата Анадолија на југоистокот на Турција, со температура од 47 степени Целзиусови, поради што угостителските објекти во овој град се претежно празни.

Граѓаните избегнуваат да излегуваат преку ден, но навечер животот се враќа на улиците на Дијарбакир, пишува истанбулскиот весник „Хуриет“.

Сопствениците на ресторани потврдија дека високите температури, над сезонскиот просек, се одразиле на нивниот бизнис.

Слични содржини