Тортевски: ВМРО ДПМНЕ не го процесирале случајот „Траекторија“ цели три години

од Hristina Nikolovska

-Целиот предмет „Траекторија“ не е застарен. За да разјасниме точно треба да се спроведе постапка, всушност ние сме заложници на еден принцип на неказнивост. Делото за „Траекторија“ е сторено во 2013-та година, а започнува да се процесира дури во 2016 или 2017. – појасни адвокатот Александар Тортевски во вечерашната емисија „Кликплус“ на 21ТВ.

Тој рече дека државата загубила три години кога ВМРО ДПМНЕ биле на власт што придонело ова дело да застари.

-Државата губи три години за еден скандал. ВМРО се на власт овие три години и не го процесираат овојслучај. Кога предметот веќе стига во суд не му останувува повеке од година ипол, две, значи  три години не бил процесуиран од Јавното обвинителсто на Марко Зврлески. Вториот проблем е лошата квалификација на СЈО за ова кривично дело. – појасни Тортевски.

Слични содржини