Тошковски: Хаотичен беше системот „прв дојден, прв услужен“ за личните документи

од Nikola Popovski

„Прв дојден, прв услужен“ како процес е хаотичен кога имате 2,1 милиони лични документи кои што треба да се издадат. Она што ни е сега се обидуваме да го направиме како решение е на еден достоинствен начин, во рамки на систем, да пробаме да го регулираме процес и да сториме се што е можно за обезбедување на документите, изјави техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски за ситуацијата со фотографирањето и подигањето на личните документи на граѓаните.

За ситуацијата во ПС „Пролет“ во Скопје, Тошковски рече:

-Се сеќавате 5000 луѓе пред врата, а внатре фотографираат на дневна основа по 300 лица. Овде во Куманово го нема тоа.

Тошковски информира дека МВР размислува да воведува систем за проверка на готовите лични карти во Скопје, како и испраќање на СМС пораки, како што е случајот со патните исправи. За времето потребно за имплементација, министерот истакна дека се уште не може да каже точно кога ќе профункционира и најави дека ќе се произнесе дополнително.

Слични содржини