Тотенхем го освои дербито во Лондон, Кејн повторно херој

од Vladimir Zorba

Тотенхем го победи Кристал Палас со 0:1 во лондонското дерби. Херој за „петлите“ беше Хари Кејн, кој постигна гол на крајот од натпреварот.

Од самиот почеток, Тотенхем ја контролираше играта во поголемиот дел од времето.

Во 29-тата минута главниот судија досуди пенал за Тотенхем за прекршок против Кејн, но секунди, откако покажа на белата точка, ја промени својата одлука, а причината беше офсајд.

До крајот на полувремето немаше многу ситуации и пред двата гола и резултатот се задржа – 0: 0.

Во втората половина. поактивен тим повторно беше Тотенхем, но дури на крајот на средбата Кејн го постигна единствениот погодок. Тој постигна гол со глава откако пресретна центрирање од корнер од Кристијан Ериксен.

По победата Тотенхем го зазема второто место во генералниот пласман со 55 поени, а Кристал Палас е 17-ти со 27 поени.

Слични содржини