Тоти: Не очекував дека Де Роси веднаш ќе успее во Рома

од Vladimir Zorba

Легендата на Рома, Франческо Тоти ги пофали резултатите на „волците“ под водство на Даниеле Де Роси.

„Не очекував дека ќе успее веднаш. Но, се надевав! Докажува дека може да биде голем тренер. Јас, како и сите навивачи на Рома, верувам дека Де Роси ќе продолжи да постигнува успеси“, изјави Тоти.

Де Роси (40) ја презеде Рома на 16 јануари. Под водство на поранешниот играч од средниот ред, „џалоросите“ одиграа 13 натпревари на кои забележаа 9 победи, 2 порази и 2 нерешени натпревари.

Рома е на петтото место во Серија А со 51 бод од 29 натпревари.

Слични содржини