Трајанов: Досега се утврдени 43 случаи на прекршување на АКМИС системот

од Andreja Salpe

Пратееникот на Демократскиот Сојуз, Павле Трајанов во гостување во емисијата 24 Анализа на ТВ24 истакна дека со Законот за повторување на судските постапки не се бара амнестија на обвинетите, туку шанса за фер судење.

– Бараме да се опдржи главна расправа, тоа значи ако ги исполните следните чекори, ако го прекршите основното начело на презумција на невиност, тоа би било првиот услов. Понатаму, ако се злоупотребени системите за преслушување или тој разговор што е користен во доказите е изваден од контекстот. Многу често се користеа и лажни сведоци, така што исто така, ако се користи лажен сведок судската одлука треба да се повтори. Исто така, ако е злоупотребен системот на автоматска распределба на предметите, тоа е АКМИС системот. Досега е утврдено дека во 43 случаи овој систем е злоупотребен.Тоа значи дека претседаателот на судот или тој што ги распределуваал предметите насочувал предмети кон половен судија, истакна Трајанов

Слични содржини