Трагедија во Германија: Автобус од Србија се превртел на автопат

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку 19 лица се повредени, од кои две сериозно, при превртување на автобус на германскиот автопат А13 меѓу Стааков и Фрајвалде, во правец кон Берлин, пишува SWP.

Според неофицијални информации, се работи за автобус од Србија. Сè уште не е познато колку патници имало во автобусот, но се знае дека тие биле од Германија, Србија, Шведска и Израел.

Возачот сакал да се сврти на паркингот, но удрил во заштитна ограда и излетал од патот, по што автобусот се превртел. Причината за несреќата останува целосно нејасна, изјави Торстен Вендт, портпарол на локалната полициска управа.

Според „Билд“, повеќе од 30 спасувачки возила и шест хеликоптери се вклучени во спасувањето на повредените.

– Шест спасувачки хеликоптери, 30 спасувачки возила и 12 амбулантни возила се на должност. Пристигнала противпожарна бригада со 22 возила. Автопатот е затворен во двата правци – пишува „Билд“.

Слични содржини