Трајковски: По 7-дневна битка сите пожари кои беснееја во Делчево се изгаснати

од Берта Китинска

По 7-дневната битка со огнената стихија во Делчевскиот регион и натчовечките напори за да се стават под контрола и да се изгаснат пожарите и да не се дозволи загрозување на човечки животи и имоти на граѓаните, конечно, денеска сите пожари кои беснееја на територијата на Делчево, се изгаснати, информира градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски.

Тој вели дека со координирана акција на терен и со помош од воздух од хеликоптери на Армијата, уште во текот на вчерашниот ден се локализираа и се изгаснаа пожарите кои беснееја на две локации во Делчевско над Разловци и над Тработивиште.

– Во оваа прилика, сакам да истакнам дека опасноста од пожари не е надмината. Високите температури, сушата се одлични пријатели на огнот, но непријатели за нашето шумско богатствои за нашиот имот. Убедувам дека со смирување на состојбата и во координација со Владата на РСМ, ќе се преземат сите мерки за нивно обештетување, а на есен започнуваме со голема акција за пошумување на изгорените површини. Како генерација, имаме обврска да оставиме за нашите поколенија шумско богатство чие значење е непроценливо.Апелирам до Владата и Законодавниот дом да се измени законската регулатива и максимално да се зголеми казната за сите пиромани, но исто така целата изгорена маса единствено да се даде на располагање на Национални шуми, а никако на приватни корисници, кажа Трајковски.

Слични содржини