Трамп: Бојкотирајте ја Кока-Кола

од Vladimir Zorba

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ги повика републиканците да возвратат против демократите кои бојкотираат неколку компании поради притисокот поради новите закони за гласање.

„Конечно е време републиканците и конзервативците да возвратат – имаме повеќе луѓе отколку тие! Бојкотирајте ја Бејзбол лигата, Кока-Кола, Делта ерлајнс, ЈП Морган Чејс, Вајаком ЦБС, Ситигруп, Циско, УПС и Мерк. Ние нема да се вратиме на нивните производи додека не попуштат. Можеме да играме подобро од нив“, рече Трамп во изјавата за „Спасете ја Америка ПАК“.

Во петокот, „Бејзбол лигата“ објави дека нема да одржи „Ол стар“ натпревар во Атланта ова лето, бидејќи тие се спротивставуваа на ограничувањата за време на гласањето (се однесува на новото законодавство на Џорџија). Новиот закон за гласање е осуден од извршните директори на некои корпорации, вклучувајќи ги Делта ерлајнс и Кока-Кола.

Трамп истакна дека републиканците „имаат повеќе луѓе од демократите“ и ги обвини демократите дека играат „валкано“ со бојкот на производите на која било компанија што прави или продава нешто што „ги навредува на кој било начин“.

Изјавата на Трамп доаѓа откако неколку компании јавно го осудија новиот изборен закон во Џорџија, како и новото изборно законодавство во другите американски држави.

Кон крајот на март, американскиот претседател Џо Бајден пред новинарите изјави дека Министерството за правда на САД разгледува што може да стори во врска со законодавството на Републиканците за изборите во Џорџија, за кое критичарите тврдат дека може да им наштети на правата на малцинствата при гласање.

Претходно во март, гувернерот на Џорџија Брајан Кемп воведе мерка за построги барања за идентификација, ограничен број гласачки кутии и скратен период на предвремено гласање. Кемп преку Твитер рече дека законот во Џорџија ќе овозможи „лесно гласање и тешко мамење“, објави Спутник.

Измените беа усвоени по критиките на републиканците за изборите и наводните измами на претседателските избори во 2020 година, на кои демократите победија во традиционално републиканската држава.

Слични содржини