Трамп ги тужи Фејсбук, Твитер и Гугл

од Nikola Popovski

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денес објави дека ќе поднесе колективна тужба против Фејсбук, Твитер и Гугл, поради неговата долгогодишна битка за слобода на говорот со споменатите технолошки гиганти, за кои тврди дека погрешно го цензурирале.

„Денес, заедно со Американскиот прв институт за политика, поднесувам, како водечки претставник на класа, тужба против големите технолошки гиганти, вклучувајќи ги Фејсбук, Твитер и Гугл, како и нивните извршни директори, Марк Закерберг, Сундар Пичаи и Џек Дорси – тројца навистина убави момци. “, им рече Трамп на новинарите во неговиот голф-клуб во Бедминстер.

„Врвните технолошки компании во земјата станаа сторители на незаконска, неуставна цензура “, додаде 75-годишниот републиканец, кому му беше забрането да објавува на Фејсбук и Твитер, откако неговите приврзаници упаднаа во Капитол на 6 јануари.

Слични содржини