Трамп: Истрагата против Џулијани е „многу неправедна“

од Vladimir Zorba

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во четвртокот ја критикуваше федералната истрага против Руди Џулијани и рече дека нема идеја што барале агентите во станот и канцеларијата на неговиот поранешен личен адвокат, пренесе „Хина“.

Федералната полиција во средата изврши претрес во њујоршкиот стан на Џулијани, поранешниот градоначалник на Њујорк и заплени електронски уреди како дел од истрагата за неговите работи во Украина. Досега тој не е официјално обвинет.

„Многу, многу нефер“, изјави Трамп за телевизијата „Фокс“ во телефонско интервју. „Руди е патриот кој ја сака оваа земја и немам претстава што бараа, што правеа“, додаде тој.

Адвокатот на Џулијани, Боб Костело, потврди дека налозите за претрес биле извршени и дека властите заплениле електронски уреди, вклучително и мобилниот телефон на Џулијани, што укажува на тоа дека, според него, „истрагата е политички мотивирана“.

„Градоначалникот Џулијани не само што го негираше ова обвинување, туку двапати во последните две години, преку неговиот адвокат Боб Костело, понуди да покаже дека е целосно невистина“, се наведува во изјавата. „Но, понудата беше одбиена и двата пати“.

Слични содржини