Трамп ја откажа средбата со Ким Јонг Ун

од desk2

 

По низа остри соопштенија, Доналд Трамп писмено го извести Ким Јонг Ун дека го откажува состанокот.

Американскиот претседател Доналд Трамп го откажа планираниот самит со лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун.

Вели дека одлуката ја донел поради „огромниот бес и отвореното непријателство“ во последното соопштение од Северна Кореја.

Во писмото адресирано на Ким Јонг Ун наведе дека би било „неприкладно“ да се одржи самитот по планираното во Сингапур на 12 јуни и дека многу се радува на нивната средба „еден ден3.

„Се радував на нашата средба. За жал, врз основа на огромен бес и отворено непријателство во вашето последно соопштени, мислам дека не е прикладно, во овој момент, да го одржиме долгопланираниот состанок“, напиша Трамп.

„Зборувате за вашите нуклеарни способности, а нашите се толку големи и моќни што му се молам на Бог никогаш да не бидат употребени“, додава тој.

Трамп мисли на коментарот кој една функционерка од Северна Кореја ја упари до потпретседателот на САД; Мајк Пенс, кога рече дека Северна Кореја „може да заврши како Либија.“

Чо Сон-хуи ги отфрли коментарите на потпретседателот на САД како „глупави“, поради што одржувањето на планираниот состанок на лидерите на двете земји е неизвесно.

Таа рече дека Северот нема да „моли за дијалог“ и предупреди на „нуклеарна пресметка“ ако дипломатијата не успее.

Претходните денови двете страни соопштија дека состанокот меѓу Трамп и Ким закажан за 12 јуни ќе биде одложен или дури и откажан.

Северна Кореја инсистираше на тоа дека нема еднострано да се откаже од нуклеарното оружје.

Слични содржини