Трамп: Одлука за кандидатура по изборите за Конгресот во 2022 година

од Берта Китинска

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека ќе донесе одлука за повторно кандидирање за Белата куќа по изборите за Конгресот во ноември следната година.

Ројтерс пренесува дека Трамп за „Фокс њуз“ изјавил дека во моментов е посветен на помагање на колегите републиканци во нивниот обид да ја вратат контролата врз Претставничкиот дом на САД и Сенатот на изборите во 2022 година и дека верува дека има многу добри шанси за тоа.

Трамп истакна дека одлуката за новата кандидатура за Белата куќа ќе ја донесе по тие избори и дека истражувањето на јавното мислење покажува дека неговите приврзаници се подготвени да го поддржат доколку повторно влезе во трка за претседателски мандат.

Поранешниот американски претседател исто така рече дека ќе спроведе кампања на изборите во 2022 година за кандидати кои го поддржуваат него и неговата политика и против оние републиканци кои ги смета за нелојални.

Ројтерс известува дека за време на интервјуто, Трамп препорача сите да се вакцинираат против вирусот.

Слични содржини