Трамп официјално обвинет за поттикнување бунт

од Stefanija Kuzmanovska

Девет демократски претставници, т.н. управители на отповикувањето, кои имаат улога на обвинители во судењето пред Сенатот против Доналд Трамп официјално ја доставија единствената точка за обвинение против поранешниот претседател до горниот дом на Конгресот.

Претставничкиот дом го обвинува Трамп за поттикнување бунт против државата во нападот на 6 јануари од страна на неговите приврзаници на Конгресот.

Процесот, кој ќе започне за две недели, ќе се спроведе во Сенатот, а улогата на поротник ја играат стотина сенатори кои ќе положат заклетва денес.

Судскиот процес се очекува да го води демократскиот сенатор Патрик Лехај, а не претседателот на Врховниот суд Џон Робертс, бидејќи Доналд Трамп повеќе не ја извршува претседателската функција.

За првпат во својата 232-годишна историја, Сенатот води судски процес против поранешен претседател, а лидерите на демократите и републиканците на Капитол Хил сè уште се согласуваат за деталите за постапката.

Двата политички табора се согласуваат во едно, тие сакаат процесот да трае помалку од три недели колку што траеше постапката против претседателот Трамп пред Сенатот 2020 година.

Потребно е двотретинско мнозинство во Сенатот за да се прогласи виновен 45-от претседател на Соединетите држави и да се отстрани и откако ќе ја напушти Белата куќа. На демократите треба да им се придружат 17 републикански сенатори, што е тешко политичко сценарио во Вашингтон.

Слични содржини