Трамп официјално отвори канцеларија на Флорида

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп официјално отвори канцеларија на Флорида.

Кабинетот на поранешниот претседател „ќе биде одговорен за управување со преписките, јавните изјави, настапи и официјални активности на претседателот Трамп за унапредување на интересите на Соединетите држави“, се вели во соопштението.

Канцеларијата исто така „ќе ја спроведе агендата на администрацијата на Трамп преку застапување, организација и јавен активизам“, се вели во соопштението.

Канцеларијата беше отворена помалку од една недела откако Трамп ја напушти функцијата.

Минатиот петок Трамп рече дека ќе се врати во некоја форма, но не прецизираше како, пренесува „Њујорк пост“.

Слични содржини