Трамп се предомисли – Ги повика своите приврзаници да се вакцинираат: „Вакцините се безбедни“

од Stefanija Kuzmanovska

За време на престојот во Белата куќа, поранешниот американски претседател Доналд Трамп честопати беше критикуван за неговиот однос кон епидемијата на коронавирусот и преземените заштитни мерки. Сепак, нешто се промени.

Во своето последно интервју за „Фокс њуз“, Трамп ги повика своите приврзаници да се вакцинираат.

„Вакцините се безбедни и делуваат“

Трамп ги изненади сите кога во своето последно интервју им препорача на своите приврзаници да се вакцинираат и изјави дека вакцините се безбедни и делуваат.

Понатаму, тој додаде дека „ги препорачува на сите“.

– Ја препорачувам вакцината за секој што не сака да се разболи, а меѓу нив, се разбира, има многу луѓе кои гласаа за мене -наведе Трамп.

Тој посочи дека вакцините се добри, безбедни и „ја извршуваат работата“.

Слични содржини