Американскиот актер Роберт де Ниро, повторно го критикуваше Доналд Трамп, на што претседателот на САД возврати со навреда.

Роберт де Ниро, личност со ниско ниво на интелигенција, во филмовите има примено многу удари во главата од вистински боксери. Го гледав минатата ноќ и мислам дека беше зашеметен. Тој очигледно не сфаќа дека нашата економија е најдобра досега, а невработеноста е на рекордно ниско ниво. Разбуди се Панчи“, напиша Трамп на Твитер.

Де Ниро е еден од најголемите критичари на Трамп и пред некој ден ѝ се извини на Канада за неговите глупости.

Слични содржини