Трамп вршел притисок врз Пенс да ги поништи изборите: „Беше во опасност поради неговата храброст“

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп извршил притисок врз потпретседателот Мајк Пенс да ги поништи резултатите од изборите на кои Трамп беше поразен – и покрај тоа што постојано му било укажувано дека Пенс нема овластување да го стори тоа.

Ова го соопштија поранешните соработници на поранешниот американски потпретседател за време на дебата пред комисијата што го истражува нападот врз американскиот Конгрес на 6 јануари 2021 година.

„Мајк Пенс рече не и се спротивстави на притисокот. Знаеше дека тоа е незаконско и погрешно. Тој беше во екстремна опасност поради неговата храброст“, рече Бени Томпсон, претседател на Истражниот комитет на демократите, пренесува „Гласот на Америка“.

Мајкл Латиг, пензиониран републикански судија и советник на Мајк Пенс, беше првиот што зборуваше за време на дебатата пред комисијата на Претставничкиот дом на Конгресот на САД.

Латиг рече дека прогласувањето на победата на Трамп на претседателските избори ќе ги турнеа САД во состојба, како што рече, блиска до револуција и уставна криза.

„Ваквата криза би била прва по појавата на Соединетите држави. Верувам дека одборот треба да истражи дали концептот на владеење на правото бил прекршен пред немирите“, рече Мајкл Латиг во изјавата.

Според него, тврдењата на Џон Истман, поранешен правен претставник на кампањата на Трамп дека Пенс може да ги отфрли резултатите од пребројувањето на изборните гласови, биле неточни.

„Немаше никаква основа за тоа. Никаква“, рече Латиг, потсетувајќи на наводите од дванаесеттиот амандман на американскиот устав, кој, како што наведе, го потврдува тоа.

Доналд Трамп во повеќе наврати ги отфрли обвинувањата за недолично однесување, додека, од друга страна, ги повтори неоснованите обвинувања дека претрпел изборен пораз исклучиво поради изборна измама, од која корист имал демократскиот кандидат Бајден.

Слични содржини