„Трчај во небесната савана Тобого“: Почина жирафата во Зоолошката градина

од Берта Китинска

Почина жирафата Тобого која беше дел од Зоолошката градина – Скопје.

-Со голема тага и болка ве известуваме дека вчера ненадејно не напушти нашиот Тобого. Денеска беше направена обдукција при што не беа констатирани физички повреди и во наредните денови ги очекуваме целосните резултати. Жирафата Тобого заедно со Каспер и Флопи беше меѓу омилените жители на скопската зоолошка. Тој беше миленик на вработените и на посетителите.Роден е во Франкфурт на 09.12 2010 година, а жител на Скопје Зоо беше од 05.11 2013 година.Сите сме неизмерно тажни и со скршени срца поради неговото заминување Трчај во небесната савана Тобого, многу ќе ни недостасуваш на сите, но ќе останеш засекогаш запаметен RIP 2010-2021, информираа од ЗОО Скопје.

Слични содржини