Трговските синдикати побараа од Европскиот парамент да ги забрани сите лобисти на „Амазон“

Претходно во февруари, 14 лобисти на „Амазон“ добија забрана за влез во Европскиот парламент на барање на Комитетот за вработување и социјални работи (ЕМПЛ)

од Бети Божиноска

Трговските синдикати испратија писмо до администрацијата на Европскиот парламент со барање за забрана на сите лоби-организации што работат за „Амазон“ во време кога 14 вработени на американската онлајн терговска компанија веќе се соочуваат со ограничување во пристапот во просториите на законодавниот дом, пренесува „Еуроњуз“.

Дваесет и еден синдикат, вклучувајќи ги и Европскиот трговски синдикат IndustriAll и LobbyControl, велат дека за да ѝ се даде вистинско значење на минатомесечната одлука за одземање на картичките за пристап на вработените на „Амазон“, влезот во законодавниот дом треба да им биде забране и на ентитетите кои лобираат кај европратениците од име на „Амазон“.

Во нивното писмо, во кое го цитираат Регистарот за транспарентност на ЕУ, се посочува дека само во 2023 година  „Амазон“ потрошил помеѓу 2,1 и 3,1 милиони евра на 20 консултантски куќи кои лобираат во име на компанијата. Лани меѓу тие куќи ниле и FleishmanHillard, FTI Consulting, Edelman Public Relations Worldwide и „Делоит“.

„Тоа во практика ќе значи дека еврпратениците ќе одбиваат да се сретнат со погореспоменатите организации ако тие бараат да го претставуваат „Амазон“ или неговите интереси,“ се вели во писмото.

Претходно во февруари, 14 лобисти на „Амазон“ добија забрана за влез во Европскиот парламент на барање на Комитетот за вработување и социјални работи (ЕМПЛ) откако компанијата не присуствувала на серија сослушувања и фабрички посети во 2021 и во 2023 година.

„Неразумно е на еврпратениците да им се лобира за „Амазон“, а во исто време да бидат лишени од правото да ги застапуваат интересите на европските граѓани и да се распрашуваат за тврдењата за прекршувања на основните права содржани во договорите на ЕУ и законите за работни односи на ЕУ“, истакнаа во тоа време од ЕМПЛ во своето барање.

Политичарите сакаа да одржат неколку дебати и посети за да ги проверат неколкуте истражувачки медиумски извештаи кои сугерираа потенцијално следење на работниците на „Амазон“со други деловни и практики на работното место.

Според тогашните пишувања на „ЕУобзервер“, забраната ја побарале шефовите на парламентарните фракции на социјалистите и демократите, Зелените, левицата и партијата „Обнови ја Европа“, а иницијативата во кус временски период ја поддржале 30 граѓански организации и синдикати.

Одлуката за блокирање на пристапот ја донеле „квесторите“, интерно тело за административни и финансиски прашања на европратениците, а може да се промени само ако „Амазон“ присуствува на сослушување за работните услови и ако прифати посета на ЕМПЛ и претставници на работниците во своите магацини во Полска и во Германија..

Од „Амазон“ нагласија дека се „многу разочарани“ од таа одлука и изразија подготвеност да соработуваат со европпратениците.

„Во неколку наврати ги поканивме да ги посетат нашите капацитети. Таа покана сè уште стои“, истакна портпаролот на „Амазон“ минатиот месец.

 

Слични содржини