Трифонов го враќа мандатот за формирање влада во Бугарија

од Берта Китинска

Слави Трифонов откако неговата партија „Има таков народ“ го освои второто место на парламентарните избори во Бугарија и кажа дека ќе ја номинира светската шампионка во шах Антоанета Стефанова за нова премиерка, но истовремено додаде дека таа веднаш ќе го врати мандатот.

“Нашиот предлог за премиер е светскиот шампион во шах, Антоанета Стефанова. Таа има економско образование и зборува пет јазици. Секако, Антоанета Стефанова веднаш ќе го врати мандатот. Веднаш. Бидејќи „Има таков народ“ нема потребен број пратеници или партнери за формирање стабилна влада“, објави Трифонов.

 

Слични содржини