Тројца македонски државјани завршија во притвор во Подгорица поради измама

од Nikola Popovski

Основното државно обвинителство во Подгорица донело решение за притвор на тројца државјани на Северна Македонија, со иницијали В.Д, Д.С. и Ф.Д.

Според соопштението на тамошното обвинителство, тие се осомничени дека сториле кривично дело измама.

„Наведеното кривично дело е сторено по претходно изработен план, со што од оштетениот е прибавена противправна имотна корист во износ од 1.500 евра“, велат од Подгоричкото обвинителство, пренесуваат црногорските медиуми.

Слични содржини