Тројца загинати и 13 повредени во напад на Запорожје, Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат

Истовремено, на каналот на нуклeарната централа „Запорожје“ на „Телеграм“ беше објавено дека  украинската армија извршила напад со дрон на територијата на нуклеарката.

од Бети Божиноска

Tри лица загинаа, а 13 се повредени, меѓу кои и едно дете, во нападот на руските трупи на Запорожје, соопшти денеска шефот на регионалната воена управа на Запорожје, Иван Федоров, пренесува „Укринформ“.

Според неговата објав на „Телеграм“, деветгодишно момче и неговата 36-годишна мајка, како и двајца мажи на возраст од 20 и 22 години, се во средно тешка состојба, а 55-годишна жена и 51-годишен маж се во тешка состојба и се на болничко лекување како резултат на рускиот напад на Запорожје.

Попладнево во Запорожје одекнаа повеќе експлозии, а во тоа подрачје е прогласена воздушна опасност.  Истовремено, на каналот на нуклeарната централа „Запорожје“ на „Телеграм“ беше објавено дека  украинската армија извршила напад со дрон на територијата на нуклеарката.

„Неодамна, евидентирани се нападо со воени беспилотни летала на вооружените сили на Украина во областа каде што се наоѓа нуклеарната централа Запорожје. Конкретно, денеска беа регистрирани напади во областите на товарното пристаниште и на азотно-кислородната станица број 2 на нуклеарната централ“, се вели во соопштението.

Во постот е појаснува дека како резултат на нападот не се евидентирани оштетувања на критичната инфраструктура или нарушувања во работата на системот на нуклеарната централа.

Претходно, директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси најави реална опасност поради ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје.

Москва ги предупреди Киев и неговите западни партнери да се воздржат од какви било обиди за напад или дестабилизација на ситуацијата во нуклеарната централа. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ја повика МААЕ и нејзиното раководство да ги искористат експертите присутни на терен да ги евидентираат сите напади од украинските вооружени сили.

„Единствениот извор на закани за безбедноста на Запорожје останува режимот во Киев, кој не се откажува од обидите за провокации кога станува збор за оваа електрана“, додаде Захарова.

Слични содржини