ЦДЦ: Вакцинираните го шират делта сојот во иста мера како и невакцинираните

од Nikola Popovski

Целосно вакцинираните лица може да го шират делта сојот на коронавирус со иста стапка како и невакцинираните луѓе, се вели во внатрешниот документ од Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ). Директорката на ЦДЦ Рошел Валенски ја потврди автентичноста на овој сè уште необјавен документ.

„Мислам дека луѓето треба да разберат дека овде не претеруваме. Ова е сериозно. Тоа е еден од најпреносливите вируси за кои знаеме “, рече Валенски.

Центарот денеска треба да објави податоци што ќе ја поддржат контроверзната одлука на ЦДЦ за промена на упатствата за целосно вакцинирани лица, а директорот на таа институција во вторникот рече дека ЦДЦ препорачува дури и целосно вакцинираните луѓе да носат маски во затворени простории.

Валенски, исто така, нагласи дека секој во училиштата – учениците, вработените и посетителите секогаш треба да носат маски.

„Мерките што ни се потребни за да ја ставиме под контрола пандемијата се екстремни“, рече таа, додавајќи дека податоците во извештајот не се изненадувачки.

Сепак, документот исто така посочува дека вакцинираните лица се побезбедни, бидејќи вакцините спречуваат повеќе од 90 проценти од сериозни болести. Проблемот со вакцините против коронавирус е што тие се помалку ефикасни во спречувањето на инфекцијата и пренесувањето на вирусот.

Слични содржини