Целосно се забранува пуштањето на пазар на пластични кеси од 1 декември

од Берта Китинска

Целосно се забранува пуштањето на пазар на пластични кеси, а крајните потрошувачи ќе може да купат само биоразградливи кои се произведени согласно пропишани стандарди, рече денеска премиерот Зоран Заев.

Министерот за животна средина Насер Нуредини додаде дека тие кесите не смеат да бидат екстра-лесни и ќе треба да се плаќа надоместок од 15 денари, а парите ќе одат во посебен фонд за животна средина. Од 1 декември угостителските објекти нема да имаат право да продаваат храна во пластични еднократни пакувања во заштитените природни подрачја.

– Идејата на оваа мерка е граѓаните пред се да користат сопствени торби за повеќекратна употреба за пазарување. Секојдневното користење на пластика создава секојдневно големи количини кои не се разградуваат, истакна Нуредини.

Слични содржини