Од 1 јули годинава ќе се воведе нова давачка за граѓаните – еколошка такса од 3,5 денари за нафта и нафтени деривати. Олеснување за граѓаните ќе биде намалување на цената на ДДВ за струја, со што сметките наредните две години ќе бидат помали односно ќе се амортизира ударот од поскапувањето на електричната енергија.

– Еколошката такса од 3,5 денари на нафтата е со порака да се откажеме од нафтата и нафтените деривати и помало нивно користење за да преминеме на користење на зелена енергија, односно да се движиме почесто со велосипед, тротинет и електрични возила затоа што тоа го прави цел свет. Преку една ваква еколошка такса, средствата ги лоцираме директно во фондовите за инвестиции на обновливи извори на енергија, но истовремено и за амортизација при либерализацијата на пазарот на струјата затоа што сакаме да ја подготвите С. Македонија и граѓаните за меко спуштање при целото пазарно пласирање на цената на струјата со конечна цел да нема покачување на цената на струјата оваа година, истакна Заев.

Со еколошката такса планирано е во Буџетот да се слеат една милијарда 685 милиони денари за едно полугодие или три милијарди и 300 илјади денари за цела 2020 година. Средствата ќе бидат лоцирани во фондовите за инвестиции на обновливите извори на енергија.

Уште данок во крв да ни воведат

Со реакција за најавата за воведување еколошка такса се огласи и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Народот тешко живее она што е пострашно наместо да имам олеснување ние имаме дополнителен арач од оваа влада, денес Мицкоски за време на вчерашните протести.

Со еколошката такса планирано е во Буџетот да се слеат една милијарда 685 милиони денари за едно полугодие или три милијарди и 300 илјади денари за цела 2020 година. Средствата ќе бидат лоцирани во фондовите за инвестиции на обновливите извори на енергија.

Слични содржини