Центарот за социјална работа ја следи состојбата на Атиџе Муратова

од Берта Китинска

Откако ѕвездата на „Медена земја“, Атиџе Муратова на медиумите им се пожали дека стравува за својот живот, се огласи Министерството за труд и социјална политика.

Оттаму велат дека ја следат состојбата.

-Атиџе Муратова е во системот за социјална заштита како корисник на права од Законот за социјална заштита. Во однос на настанот кој е предмет на ваш интерес, тој не е во надлежност на МТСП. Во однос на социјалните права на Атиџе Муратова, Центарот за социјална работа во Свети Николе ја следи состојбата и превзема конкретни мерки, велат од МТСП.

Вчера градоначалникот на општина Лозово Ацо Велковски на својот фејсбук профил информираше дека разговарал со  Хусеин соседот на Атиџе, хероината од „Медена земја“  и добил ветување дека меѓусоседските односи ќе се подобрат.

Слични содржини