ЦИА ЈА ОТСТРАНИ ОЗНАКАТА „ТОП ТАЈНА“ од извештајот: Саудискиот принц го нарачал убиство на новинарот Кашоги!

од Nikola Popovski

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ја отстрани ознаката „топ тајна“ од извештајот за разузнавање за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги.

Според извештајот, саудискиот принц Мохамед бин Салман одобрил новинарот да биде „заробен или убиен“ во Истанбул.

Во извештајот, поднесен од Кабинетот на директорот за национално разузнавање, се наведува дека оваа проценка се заснова на „контрола на донесување одлуки“ во Саудиска Арабија, која конкретно се однесува на престолонаследникот, како и на „директно учество на клучен советник и членови на „заштитниот детал“ Мухамед бин Салман во споменатата операција.

„Од 2017 година, престолонаследникот има апсолутна контрола врз безбедносните и разузнавачките организации на Кралството, што го прави крајно малку веројатно дека саудиските власти би спровеле операција од ваков карактер без негово одобрување“, се вели во извештајот.

Во извештајот понатаму се наведува дека принцот „го гледал Кашоги како закана за Кралството и широко ја поддржувал употребата на насилни мерки доколку е потребно за да се замолчи“.

Авторите на документот исто така пишуваат дека имаат „голема доверба“ дека седумте лица чии имиња се наведени во извештајот „учествувале, нарачале или на кој било друг начин се соучесникци или биле одговорни за смртта на Џамал Кашоги“ во име на Бин Салман.

„Не знаеме дали овие луѓе однапред знаеја дека операцијата ќе резултира со смрт на Кашоги“, се вели во извештајот.

Како што претходно објавивме, Саудијците кои го ликвидираа Кашоги полетаа за Истанбул со авион на приватна компанија, кој беше запленет од страна на Мухамед бин Салман една година пред ликвидацијата, објави претходно Си-Ен-Ен, повикувајќи се на документите со назнака „Топ тајна“.

Во документите до кои имал пристап Си-Ен-Ен, саудискиот министер ја пренел наредбата на престолонаследникот бин Салман веднаш да одобри завршување на потребните процедури за пренесување на сопственоста врз компанијата „Sky Prime Aviation“.

Слични содржини