Убијците на Кашоги добија 20 години затвор

од Vladimir Zorba

Саудиска Арабија осуди пет лица на 20 години затвор за убиството на дисидентот и новинар Џамал Кашоги.

Друг осомничен беше осуден на 10 години затвор, а други двајца на седум години.

Осомничените за убиството на Кашоги првично беа осудени на смрт во 2019 година, но нивната казна сега е намалена.

Пресудата донесена од судот во Ријад против осуммина Саудијци стави крај на случајот со убиениот колумнист на „Вашингтон пост“ и жесток критичар на режимот на Саудиска Арабија.

Слични содржини