ЦРНИ РЕКОРДEРИ: Во САД, починаа повеќе од 350.000 граѓани од почетокот на пандемијата

од Nikola Popovski

Според податоците на Универзитетот „Џон Хопкинс“, САД надминале 20 милиони потврдени случаи на коронавирус од почетокот на пандемијата, на првиот ден од Новата година.

Само во последните три дена од минатата година, повеќе од 10.000 Американци починале од коронавирус, а во САД има скоро двојно повеќе потврдени случаи на инфекција од следната најпогодена земја, Индија, според Гардијан.

Индија има 10,2 милиони потврдени случаи со население од 1,3 милијарди жители, додека САД во петокот достигнаа 20 милиони потврдени случаи на инфекција со 328 милиони жители.

Во моментов, повеќе од осум милиони случаи на КОВИД-19 се активни во САД.

Скоро 350 000 Американци починале од Ковид-19, според универзитетот Џон Хопкинс, што е убедливо најголем број на смртни случаи во светот. Втор најголем број на смртни случаи од корона е Бразил, каде починаа вкупно 195.000 луѓе.

Слични содржини