Тунискиот претседател отпушти 57 судии поради корупција

од Stefanija Kuzmanovska

Тунискиот претседател Каис Саид отпушти 57 судии, обвинувајќи ги за наводна „корупција и заштита на терористите“, во чистка што ја спроведува откако ја презеде контролата врз судството и другите гранки на власта на почетокот од оваа година, јавува „Ројтерс“.

Во телевизиско обраќање во средата, Саид рече дека „му дал можност и предупредување на судството да се прочисти“, а неколку часа подоцна, официјалниот весник објави декрет со кој ги објавува отказите, наведува британската агенција.

Меѓу отпуштените е и Јусеф Бузакер, поранешниот претседател на Врховниот судски совет, чии членови Саид ги смени оваа година кога ја презеде контролата врз судството.

Слични содржини