Турчин ја запроси девојката на дното на морето

од Stefanija Kuzmanovska

Дваесет и седумгодишниот Калил Јилмаз од Истанбул, се одлучил на необичен начин на запросување – тој ја запросил девојката во длабочините на морето на 13 степени, пренесува Анадолија.

Тој одлучи да ја запроси својата девојка под вода, бидејќи, како што вели, таа е љубител на морето.

Јилмаз најпрво го посети Центарот за водни спортови управуван од Џем Карабај, нуркач кој влезе во Гинисовата книга на рекорди минувајќи осум дена под вода, барајќи од него помош.

Карабај и неговиот тим на морското дно поставија осум амфори со кратки писма и еден ковчег.

Следниот ден, Јилмаз и Хасанбаш отишле во Центарот за водни спортови, каде се распрашувале за пробно нуркање, облекле костум за нуркање и се нурнале во водата.

Хасанбаш, која била возбудена од првото нуркање кратко време по нуркањето, пронашла една од амфорите.

Јилмаз од амфората извадил писмо посветено на Хасанбаш, што било големо изненадување за неа.

Хасанбаш продолжила да нурка и ги пронашла останатите амфори од кои извлекувака писма посветени на неа.

На крајот, Јилмаз го извадил прстенот од џеб и ја запросил Муга Хасанбаш под вода, на што изненадената Хасанбаш со задоволство се согласила.

Слични содржини