Турција купувала јаглен произведен во анектираните делови на Украина од Русија

од Vladimir Zorba

Оваа година Турција купи од Русија јаглен произведен од анектираните делови на Украина во вредност од најмалку 13,38 милиони евра, покажуваат податоците на руската царина што ги анализирала агенцијата Ројтерс.

Според извештаите, во периодот од февруари до јули годинава во Турција пристигнале околу 160.400 тони јаглен од источните украински региони Доњецк и Луганск.

Оваа земја беше главната извозна дестинација за јаглен од анектираните украински региони, со учество од 95 отсто, наведува Ројтерс.

Слични содржини