Туристи уништиле траги од диносауруси стари 200 милиони години

од Vladimir Zorba

Туристите несвесно ги уништуваат 200 милиони години старите отисоци од диносауруси при посетата на националниот парк „Ред флит“ во сојузната американска држава Јута.

Локалните власти соопштија дека најмалку десет праисториски отисоци од диносауруси со должина од 43 сантиметри исчезнале од паркот.

– Туристите не сфаќаат дека камењата кои ги фрлаат во вода се прекриени со траги кои ги оставиле диносаурусите, изјави управникот на паркот Џош Хансен.

Поради овој проблем во паркот беа поставени дополнителни табли со предупредувањa, a со цел да се спречи натамошниот вандализам.

Властите планираат да ангажираат и нуркачки екипи, кои би ги извлекле фрлените отисоци, иако експертите сметаат дека повеќето од нив се неповратно уништени./МИА

 

Слични содржини